Колку помалку културно наследство оставиме за следните генерации, толку посиромашен ќе биде идентитетот на овој народ.
Богатството и различноста на традиционалната македонска култура највпечатливо се изразени во народните носии со сите нивни изворно македонски етнички карактеристики.
Македонскиот фолклор е надалеку познат по својата автентичност и природа. Македонија е земја со респектабилна фолклорна традиција, земја во која секоја педа земја е археолошки локалитет, секој камен е историја, фолклор кој е автентичен по својата природа.
Учиме од минатото, но учиме и од луѓето кои постојат во сегашноста, формираме и прилагодуваме традиција во сегашноста за да одговара на моменталните интереси и искуства.
Богатството и разновидноста на фолклорното наследство, а особено македонската народна носија со богатството и разновидноста на облеката во различни форми, апликации, украси, нивната боја и впечатливи орнаменти се мотив и инспирација за оваа дизајнерска колекција, како емотивна и уметничка реакција на сегашноста.
Секој модел од колекцијата е дизајнерски спој на современ моден дизајн и традиционални фолклорни мотиви. Спој на традиција и модерност во кој фолклорната приказна на дизајнерот е раскажана преку фотосесија и видео запис. Секој влог во фолклорното наследство е влог во иднината, оставајќи белег и наследство за идните генерации. Секоја генерација остава свој белег во историјата со својот начин на живот. Тој ја раскажува својата приказна на начин типичен за времето во кое живее. Денес, кога живееме во време кога се помалку се посветува внимание на македонското фолклорно наследство, мултимедијалниот проект „Фолклорна приказна“ е идеален начин за промоција и рекламирање на фолклорното наследство преку интернет промоција. Со цел афирмација и достоинствено претставување на македонската мода, како неприкосновен актер во културата на еден народ, се роди идејата на проектот „Фолклорна приказна“, каде низ една добро осмислена приказна, спој на минатото и сегашноста се прави како влог во иднината. Како активни чинители во културата на еден народ, како креатори на сегашноста, наша должност и наследство е да оставиме што повеќе културно наследство за идните генерации бидејќи колку е помало наследството, толку е посиромашен идентитетот на овој народ. „Фолклорна приказна“ е дизајнерскиот крик на македонската модна дизајнерка Наташа Карчева, сопственичка на македонскиот моден бренд Ал Апарел, за подигнување на свеста и зачувување на она што ни е оставено како аманет и аманет од нашите предци.
Ниту една иднина не може да се гради без минатото, ниту една историја не може да се создаде без создавање во сегашноста.